Музика
Низ Македонија се одбележува роденденот на Тоше Проески
На денешен датум, 25 јануари 1981 година роден е Тоше Проески, прерано починатиот музички миленик на македонската публика. Неговиот роденден традиционално ќе биде одбележан со голем број хуманитарни, музички и спортски настани кои ќе се одржуваат во Крушево, Битола, Скопје. По петнаесетти пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големата музичка ѕвезда, Тоше кој и самиот беше крводарител.
Својата кариера Проески ја започна со настап на „Мелфест“ во 1997 година. Потоа се редеа хитовите: „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ „Остани до крај“…Ја претставуваше Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, со песната „Ангел си ти (Life)“.
Истата година беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што го освои срцето и на публиката во регионот.
Проески има објавено десетина албуми на македонски, српски и хрватски јазик. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Тоше беше добро познат по својата хуманост и скромност поради што уживаше висока почит и љубов од народот.
Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ