Поврзи се со нас

Гостивар

МОН: Таравари прави скандалозна злоупотреба на трагедијата, надлежностите се одземени заради непочитување на законите

Објавено

на

По обвинувањата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари дека одземањето на надлежностите во образованието е политички реваншизам, Министерството за образование и наука излезе со реакција дека тоа е невистина и дека инспекторите откриле незаконитости. „Градоначалникот на Гостивар обврската за појаснување на неговите дејствија и активности спротивно на законот и процедурите ја заменува со дезинформации, шпекулации и со скандалозна злоупотреба на последните трагични настани. МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта.“, се вели во соопштението од МОН.

Министерството наведува дека инспекторите констатирале: непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е  констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон. „Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори.“, објаснуваат од Министерството.

Од таму упатија апел до општина Гостивар и до градоначалникот: Да не обвинуваат само заради нивните политички цели, да не ја вклуаат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 2 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 4 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 6 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 7 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 8 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 9 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 20 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 22 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена