Гостивар
Таравари: Повторно ни се одземени ингеренциите во образованието

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари преку фејсбук статус реагираше дека денес, општината по втор пат останала без надлежностите во образованието.
„Со длабоко жалење ве известувам дека денес на Општина Гостивар повторно и се одземени ингеренциите во образованието. Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ (иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава). Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука! По погребните обреди, едвај неколку дена по смртта на 15 лица како последица на сообраќајна несреќа, владата не се занимава со итна истрага на случајот, туку му задава уште еден удар на Гостивар! Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува! Пред неколку дена, ни дојде дома за сочувство, а денес ни ги зема и оние малку работи што ни останале! Ако е така, со право можам да верувам дека Владата со г-динот премиер имаат стратегија за понижување на Гостивар!“, реагира градоначалникот.
Лани во февруари, Министерството за образование ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Арбен Таравари за именување и разрешување на директори во основните и средните училишта, а како причина беше наведено непочитување на законската процедура. Надлежностите беа вратени во ноември, по што започнаа промени на раководните места низ училиштата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?