Гостивар
Малолетничка деликвенција Гостивар: Крадат автомобили, продаваат дрога…
Малолетничкиот криминал на гостиварското подрачје останува појава од загрижувачки карактер. Наместо во училиште и на дружење со свои врсници, млади лица се впуштаат во водите на криминалот, вршат кражби, дилаат наркотици, се претвораат во насилници.
Според евиденцијата на Секторот за внатрешни работи, во 2018 година, на подрачјето на Гостивар регистрирани се триесет малолетници кои извршиле 23 кривични дела, најмногу од областа на класичниот криминал. Против сторителите на овие дела, биле поднесени седумнаесет кривични пријави.
„Најголемиот број од минатогодишните кривични дела, чии сторители се мaлолетници, биле од таканаречениот класичен криминал, претежно кражби, односно одземања на моторни возила, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а има случаи и на семејно насилство, тешки кражби, пустошење на шума како и спречување на службено лице во вршење службена должност“, наведуваат од СВР Тетово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница