Поврзи се со нас

Претседателски 2019

Силјановска Давкова од Гостивар: Ми давате надеж дека има шанса за право и правда во Македонија

Објавено

на

„Се ближи денот на изборите, секојдневно сум меѓу луѓето во мојата убава земја, контактирам со нив, црпам енергија од сите страни, од прекрасните луѓе и од мојата земја и тоа ми дава надеж дека има шанса за Македонија и дека правото и правдата ќе дојдат“, истакна кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Гостивар.

Во своето обраќање Силјановска Давкова нагласи дека земјава се соочува со сериозни проблеми, партиска админстрација и дека власта не започнала да спроведува никакви реформи.

„Нема правна држава. Не може да се вирее во амбиент на корупција, криминал, непотизам. Да не зборуваме за партиските, политичките вработувања во администрацијата, која е претворена во неквалификувана армија. Речиси не ни почнале да спроведуваат никакви реформи. Вака не се оди во ЕУ, вака не се отпочнуваат преговори. Ова е авторитарна власт, а не демократска. Време е да ја делигитимираме и да покажеме дека има партии и луѓе кои знаат да креираат европски политики. И овој Парламент, не е Парламент. Веќе како никој да не се исчудува што се` се усвојува таму“, рече кандидатката за претседател, која упати и критики кон Уставниот суд.

„Одамна немаме Уставен суд што ги штити законите и Уставот. Со прст не мрднаа за Преспанскиот договор, со прст не мрднаа за Законот за јазиците.“, рече Силјановска Давкова.

Таа ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на изборите, да нема проблемот со изборниот цензус: „Не се сомневам дека ќе го променат Уставот и претседателот ќе го изберат во Парламентот. Тогаш ќе си изберат претседател по нивна мера. Тоа е лошо решение, не само за опозицијата, туку и за државата.“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека граѓаните ја изгубиле довербата во политичарите поради како што рече, лагите на актуелната власт. „Заев дојде таму каде што е коцкајќи се со човечки судбини. Единствена стратегија им е граѓаните да имаат кратко помнење. Сакаат да сте ги заборавиле лагите што ви ги кажувале кога доаѓале овде. Тие дојдоа на власт со неправда, но ние треба да ја замениме со правда. Стојам пред вас и ве замолувам да ни дадете ѓанса да покажеме дека сме ралични од другите, дека имаме чест, интегритет и достоинство“, рече Мицкоски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена