Култура
Заврши конкурсот за „Литературни искри“ во Гостивар, пријавени се над 160 поети
Заврши конкурсот за шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Годинава, организаторите бележат рекорден број од над 160 пријавени поети, кои испратиле свои творби на конкурсот. Станува збор за автори од земјава, како и од Србија, Косово, Црна Гора, Б и Х, Хрватска, Словенија и Бугарија.
До крајот на месецот ќе биде познато кои поети ќе влезат во финалето, во најтесна конкуренција за фестивалските награди. Песните ќе ги оценува тричлена жири комисија.
„Фестивалот е веќе препознатлив во поетските кругови и во јавноста како квалитетна манифестација со оригинален концепт. Доказ за тоа е огромниот интерес за конкурсот, со бројка која годинава надмина 160 пријавени. Малку е ако кажеме дека сме задоволни од одзивот. Презадоволни сме и горди што успеваме да го побудиме интересот, да ги мотивираме и инспирираме поетите. Сакаме да се заблагодариме на сите кои испратија свои песни на конкурсот и да ги информираме дека жири комисијата од денес почнува со оценување на пристигнатите творби. Составот на жирито, како и за претходните изданија ќе биде јавно објавен, откако ќе се изврши оценувањето, заедно со резултатите“, велат од Здружението за култура „СЛОВО 21“ , организатори на фестивалот..
Жири комисијата ќе го изврши изборот на најдобрите поети, како и на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка.
МПФ „Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај. Годинешното издание е поддржано од Министерството за култура, општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ.
Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ