Гостивар
Во понеделник Хуманитарна модна ревија во Гостивар на основци и средношколци
Под мотото “Креираме модели за хумани цели!“ во понеделник во Центарот за култура во Гостивар, ќе се одржи Хуманитарна модна ревија во која ќе учествуваат основци и средношколци од гостиварские училишта.
Учениците ќе носат рачно изработени модели, направени од рециклирачки материјали.
„Драго ми е што меѓу најмладите гледам желба за креација, иновативност и ентузијазам за соработка меѓу себе. Секое училиште работи на своја тема, но иако темите се различни, целта е иста – да рециклираме, креираме и сите заедно да помагаме. За да ја оствариме целта, ни треба помош и поддршка, затоа ги покануваме гостиварци во што поголем број да присуствуваат на настанот“, вели Ангела Анѓелкоска, дисеминатор.
Цената на влезницата е 50 денари и може да се купи во секое училиште и на влезот на Центарот за култура, на денот на настанат. Собраните пари ќе бидат донирани за помош на загрозено семејство.
Модната ревија се организира по втор пат, во рамки на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности. Настанот почнува во 19 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ