Поврзи се со нас

Гостивар

Собир во Гостивар по повод 74 години од пробивањето на Сремскиот фронт

Објавено

на

Во Гостивар, пред споменикот на паднатите борци во НОВ денес беше одбележана 74 годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт. Собирот во чест на 15-от македонски корпус кој учествувал во завршните операции за конечно ослободување на Југославија, го организираше  општинскиот одбор на Сојузот на борци – Гостивар. На настанот присуствуваа претставници на организацијата, на ограноци на политичките партии и ученици.

На историските текови врзани со завршните операции од НОВ и учеството на  македонските воени формации, преку реферат потсети Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци – Гостивар

Одбележувањето се заокружи со положување на букети цвеќе на споменикот и едноминутно молчење. Цвеќе положија делегации на боречката организација и од гостиварските ограноци на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.

Во завршните борбени операции загинаа 1.674 борци од Македонија, од сите националности. Од Гостивар и гостиварско во борбите за слобода паднаа 332 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена