Вести
Катедралата Нотр Дам во Париз зафатена од огнена стихија
Една од најпознатите катедрали во светот, која важи и за една од најпосетуваните туристички локации во Париз, Нотр Дам е зафатена од огнена стихија. Како што јавуваат светските медиуми, пожарот избувнал околу 19 часот по локално време, а причината за сега не е позната. Се претпоставува дека огнот е поврзан со работи кои се изведувале за реновирање на катедралата.
Градоначалничката на Париз потврдила дека голем пожар ја зафатил Богородичната црква и упати апел граѓаните да се држат настрана и да не им пречат на пожарникарите во обидите да го угаснат огнот.
Францускиот претседател Емануел Макрон, објавил дека го одложува планираното обраќање до нацијата, поради страшниот пожар. „Тажен сум кога гледам дека гори дел од нас“, изјавил Макрон.
Богородичната црква се смета за најубав пример на француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи Наша госпоѓа, Наша Богородица.
фото: capitalgazette.com
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот