Македонија
Епидемија на мали сипаници – Во градинка и училиште само вакцинирани деца
Епидемијата на морбили која е прогласена на целата територија на земјава, ги заострува мерките и препораките на здравствените власти. Се упатуваат повици за масовна имунизација со МРП вакцина, а министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека невакцинирани деца нема да се примаат во градинките и училиштата.
„Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано. Дојдовме до заклучок дека има позитивна законска регулатива и покрај контрадикторноста во Законот за основно образование, каде стои дека образованието е задолжително за секое дете. Најдовме и одлуки на Уставниот суд што претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Прилично се јасни одлуките на Уставен суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво.“, рече министерот.
Во мај треба да стартува уписот на првачињата и до тогаш Министерствата за здравство и за образование треба да ги усогласат правилата: Дали примената МРП вакцина ќе биде задолжителен услов за запишување во прво одделение, со оглед на тоа што законски основното образование е задолжително.
Поради епидемијата на мали сипаници, Комисијата за заразни болести излезе со препораки: да не се примаат невакцинирани деца во градинките, строго да се почитуваат правилата за движење низ здравствените установи, да се вакцинираат здравствените работници кои немаат доказ за нивниот вакцинален статус со две дози на МРП вакцината, дополнителна вакцинација на сите непотоплно вакцинирани лица на возраст од 14 до 45 години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар