Македонија
Зошто се празнува Први Мај?
Меѓународниот ден на трудот, Први Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.
Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовно работно време. Работните услови биле многу лоши и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден, во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла“ на Аптон Синклер и „Челична потпетица“ на Џек Лондон. Во 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираниот труд собрал доволно сила за да прогласат осумчасовно работно време. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барал поголемиот дел од работничката класа. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.
Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, а во Македонија до 2006 година се празнуваше два дена, 1 и 2 мај, додека од 2007 година се празнува само 1 мај.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот