Македонија
Без примени вакцини не може упис на првачиња
Министерството за здравство преку соопштение денес потсети дека при упис на децата во прво одделение во основните училишта, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. „Станува збор за обврска пропишана со член 46 став (2) од Законот за основното образование. Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.“, стои во соопштението од Министерството.
Здравствените власти информираа и дека во Службен весник бр. 85 од 30 април 2019 година, објавени се измените и дополнувањата донесени од министерот за труд и социјална политика на правилникот за водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој, со кој сега се прецизира дека при упис на дете во градинка, задолжително се приложува потврда за неговиот вакцинален статус, и без оваа потврда детето не може да биде запишано во предучилишна установа.
Во потврдата треба да стои дека детето ги примило сите вакцини кои се предвидени според вакциналниот календар.
Заострените правила и мерки се во рамки на активностите кои се преземаат поради прогласената епидемија на морбили (мали сипаници) во целата земја.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар