Гостивар
Расте бројот на заразени од мали сипаници во Гостивар, има 8 нови случаи
Секојдневно се регистрираат новозаболени од мали сипаници (морбили) на гостиварското подрачје. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај, во Гостивар има осум новозаболени, со што вкупната бројка достигна 35.
На државно ниво во овој период евидентирани се 110 нови случаи на мали сипаници. Најјголем број на случаи (73) се на возраст над 20 години. Според вакциналниот статус, 84 односно 76,4% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 2 мај, 2019 година во земјава регистрирани се 1.285 случаи на мали сипаници и во тек е епидемија на мали сипаници во цела територија на Македонија.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 797 случаи се од Скопје, Куманово – 134, Тетово – 108, Струга – 71, Кичево – 38, Гостивар – 35, Велес -26, Гевгелија – 18, Дебар – 17 и други.
Од пријавените случаи, 546 или 42,5% биле хоспитализирани, а кај 215 (17,4%) се регистрирани компликации. Од компликации од морбили, до сега починаа четири лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот