Македонија
Пронајден мртов Холанѓанец во тетовско, крим-полиција врши увид
СВР Тетово соопшти дека денес околу 13.45 часот било пријавено дека во кругот на фирма лоцирана во село Прељубиште, во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. на возраст од 59 години, холандски државјанин и сопственик на фирмата. Од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, било констатирано дека Ј.М. бил починат.
Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште, вработено во истата, кое од страна на СВР Тетово е веќе обезбедено. Обвинителството соопшти дека вработениот му задал удар на газдата со камен во главата и му нанел смртоносни повреди. По насока на Јавен обвинител, екипа на СВР Тетово започна со крим-технички увид на местото на настанот.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!