Гостивар
Албанскиот фудбалски ас Лорик Цана во посета на Општина Гостивар
Познатиот албански фудбалер Лорик Цана денес беше во посета на Општина Гостивар и се сретна со градоначалникот Арбен Таравари. На средбата разговараа за актуелните состојби во спортот во Гостивар, работата и функционирањето на клубовите, како и за можноста од соработка за натамошни спортски проекти со Фондацијата на фудбалерот.
„Чест ни е што сме домаќини на едно така големо име од светот на фудбалот. Лорик Цана е првата асоцијација, кога ќе се спомене албанската фудбалска репрезентација. Поразговаравме околу работата на Фудбалската академија што ја имаме во Гостивар и можноста за соработка во иднина“, рече градоначалникот.
Фондацијата на Цана спроведува програма преку која младите се стимулираат да се занимаваат со спорт и спортски активности.
„По Скопје и Гостивар ќе се приклучи во нашиот проект и заедно со општината ќе преземеме активности за уредување на спортска инфраструктура со цел што помасовно бавење со спорт и промовирање на здрав живот“, рече Цана.
Триесет и шест годишнот Лорик Цана во својата кариера настапувал за екипите на Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио и Нант, а со своите 93 настапи во националниот дрес, важи за фудбалер со најмногу настапи за албанската репрезентација.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ