Здравје и убавина
Како да го прочистите организмот?
Со оглед на тоа што поголемиот дел од нас имаат нездрави навики кога е во прашање исхраната и физичката активност, неопходно е од време навреме да се направи детоксификација на организмот. На природен начин да се исфрлат отровите од телото, што ќе помогне за подобро здравје и поголем имунитет.
Тоа не значи дека мора да преземете нагли чекори и драстични мерки. Едноставно, одредете си период од дваесетина дена, во кој ќе се ставите на прочистувачки режим. Најпрво, намалете ја количината на храна која досега сте ја внесувале во организмот, особено тестенините, печивата, храната која содржи многу масти и шеќери. Постепено исфрлете помфрит, пица, хамбургери, чоколади и секакви други слатки. Наместо тоа, консумирајте спанаќ, кељ, зелка, марула и воопшто листест зеленчук со зелена боја. Брокулата, лукот, лимонот, јаболката, зелениот чај, цвеклото, целерот и морковите се исто така одличен избор за детоксификација на организмот. Нека бидат дел од секојдневното мени.
Овие видови храна го стимулираат црниот дроб да произведува ензими кои организмот го чистат од отровите.
Еден оброк може да ви биде домашна супа од зеленчук со малку овесни снегулки. Едноставно се прави, исецкајте разновиден зеленчук, додадете зачини и сварете ја. Ако повеќе сакате крем супи, тогаш сварениот зеленчук може да го изблендирате.
Пијте најмалку 8-12 чаши вода дневно.
Исто така, многу е важно, храната да ја расподелите на неколку помали оброци, а ужината да се состои од овошје.
Кога на ваквиот начин на исхрана ќе додадете прошетки на свеж воздух и физичка активност, детоксикацијата ќе биде комплетна, ќе се чувствувате полесно, поенергично и поотпорно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар