Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 130 семејства во гостиварско лани биле мета на крадци

Објавено

на

Тешките кражби во куќи и станови, со провалувања и вешти финти на крадците да дојдат до што побогат плен, не се реткост на гостиварското подрачје. Крадците најчесто посегнуваат по злато, друг вреден накит и пари, но одземаат и други предмети, телефони, лап топи, телевизори и слично.

Според податоците во годишниот извештај на Полициската станица во Гостивар, лани  во гостиварскиот регион имало 272 тешки кражби. Полицијата успеала да расветли  над 50 отсто од нив. Вкупно 128 од тешките кражби биле во станови, куќи и викендици, 15 во продавници и маркети, додека три во верски објекти, цркви и манастири.

Најголемиот број од кражбите биле извршени со насилно провалување на влезните врати или на прозорците и балконските врати во приземјата на објектите, како и со влегување преку подотворени прозорци или незаклучени врати, во присуство или при отсуство на нивните сопственици.

Крадците причиниле материјална штета од над 11 милиони денари.

Во текот на 2018-та година, на подрачјето на Гостивар се случиле и 13 разбојништва, од кои расветлени биле пет. „Се преземаат интензивни мерки во реализирање на овие дела  со оглед на фактот дека се извршени на насилен начин со влегување во куќи под закана со оружје и физичка сила од оштетените биле барани пари“, наведува полицијата.

Исто така, регистирани се и кражби на автомобили и тоа 21, како и 18 измами и уцени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 39 минути

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 5 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 6 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 8 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 10 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 11 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 24 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена