Поврзи се со нас

Македонија

Каква разврска ќе има аферата „Нефа мебел“?

Објавено

на

Неизвесно е дали и како граѓаните кои нарачале и платиле мебел, во сега веќе затворените салони на компанијата „Нефа мебел“, ќе бидат обештетени. Работењето на фирмата ќе го проверува Управата за финансиска полиција, која отвори предистрага по допрен глас од медиумите. Во контрола се вклучуваат и пазарните инспектори. Изминатите денови, до Пазарната инспекција пристигнале голем број пријави и поплаки од измамени муштерии. Инспекторите на терен ќе евидентираат каков мебел и капитал поседува фирмата.

„Граѓаните ги имаат сите документи, може да доаѓаат во пазарниот инспекторат, организацијата на потрошувачи, меѓутоа тука пред се` се работи за класична измама и најверојатно овој случај ќе треба да си го преземе МВР.“, изјави Евгенија Панева, од пазарна инспекција.

Граѓаните кои останаа и без парите кои ги дале и без парчињата мебел што ги нарачале се револтирани. Некои од нив велат дека платиле по 25 и 30 илјади денари, чекале со месеци да им биде доставена нарачката, за на крај да останат со празни раце.

Фирма „Нефа мебел“ без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“,преку ноќ побегна од Врање и остави долгови и 300 работници без работа

И салонот во Гостивар од пред неколку дена е испразнет и заклучен.

Во меѓувреме српските медиуми пренесоа изјава на рускиот газда на „Спилит“,  Андреј Ходашевич во која тврди дека се собираат пари за да се обештетат купувачите и да се исплатат вработените во Србија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 9 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 16 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 19 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена