Македонија
Оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана објави оглас за прием на 125 професионални војници на служба во АРМ, за работа на определено работно време од 3 години со можност за продолжување повеќе пати.
Кандидатите, како што стои во огласот треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи – да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност, Посебни услови: да имаат завршено средно образование, да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Работното време на војниците ќе биде од 8 до 16 часот, а платата изнесува од 21.000 денари до 24.000 денари.
Јавниот оглас е објавен денес (6 јуни) и ќе трае 15 дена.
Сите детали може да се најдат на Веб страната на Министерството за одбрана.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот