Поврзи се со нас

Македонија

Безбедност на храна: Еден од 10 луѓе фаќаат болест од јадење загадена храна

Објавено

на

„Во Македонија се јаде безбедна храна, а тоа се покажува и низ бројки. Ако во светот вкупно 600 милиони луѓе се погодени со интоксикација од храна, односно во просек заболува еден на десет луѓе, во Македонија ако ја земеме бројката од минатата година се пријавени девет случаи, меѓутоа само во пет е потврден причинителот на труење со храна, а погодени се 173 луѓе во тие инциденти.“, изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на тркалезна маса која се организираше по повод Светскиот ден на безбедна храна, 7 јуни.

Инспекторите во првите пет месеци од оваа година извршиле се околу 50 илјади контроли за безбедност на храната во земјава и поднеле две кривични пријави против оператори што го загрозиле здравјето на луѓето со пуштање во промет незбезбедна храна.

Безбедната храна е од клучно значење за промоција на здравјето и елиминација на гладта, наведуваат од Институтот за јавно здравје. „Нема доволно сигурна храна без безбедност на храната Во овој свет каде синџирот на храна станува се посложен, секој негативен инцидент во безбедноста на храната може да има глобални негативни ефекти врз јавното здравје, трговијата и економијата. Болестите поврзани со небезбедна храна се најчесто предизвикани од бактерии, вируси, паразити или хемиски супстанции кои ги внесуваме преку контаминирана храна или вода. 600 милиони луѓе или 1 од 10 луѓе во светот се разболуваат заради консумaција на контаминирана храна и 420 000 умираат секоја година. При тоа децата до 5-години возраст учествуваат со 40 % во оптоварувањето со болестите поврзани со небезбедна храна или 125 000 смртни случаи секоја година.“, стои во нивното соопштение.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 8 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 9 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 13 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 14 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 17 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 18 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 20 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 21 час

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена