Поврзи се со нас

Македонија

Празникот „Св.Наум Охридски Чудотворец“ прославен во манастирот на Попова Шапка

Објавено

на

Во манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка, денес беше прославен празникот посветен на овој голем исцелител и просветител.

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен,  богослужеа света златоустова литургија.

„Ако го резимираме животот на светиот Наум слободно можеме да кажеме дека неговиот живот е служење на Бога и служење на луѓето. Како голем молитвеник, тој не само што се молел пред Бога за човечките незнаења, туку како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи надметнати „вредности“ под слоганот на таканаречената демократија и дискриминација. Жално е денес што после толку векови, ние како народ како се почесто и почесто да ги забораваме советите од нашите учители и просветители, на оние, кои токму од овде, од нашата првопросветлена земја од страна на апостолот Павле, преведувајќи го Евангелието на словенски јазик, како семе го посеале низ тогашните европски престолнини и ги просветлиле нехристијанските народи, осветлувајќи го паганизмот со евангелските добродетели, просветлувајќи ги непросветлените и сите, а особено тријазичниците – учејќи ги на христијанската љубов, која секогаш ни е најпотребна на сите нас.“, рече во својата проповед владиката г.Јосиф.

Прославата на празникот ја збогати хорот „Менада“ од Тетово, под раководство на проф. д-р  Ивица Зорич.

фото:тетовско-гостиварска епархија

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Медицинските сестри ја бараат среќата во странство

Македонијапред 4 часа

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Македонијапред 6 часа

Средба за формирање на идна Влада

Гостиварпред 7 часа

Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Спортпред 9 часа

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Гостиварпред 10 часа

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Апел за внимателност до возачите, ноќеска имало одрон на патот Гостивар-Маврово

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена