Македонија
Ќе се отвораат два нови гранични премини со Грција
Владата на вчерашната седница донесе одлука за усвојување на предлог-законите за ратификација на спогодби со Грција за отворање на два нови гранични премини.
Првата спогодба се однесува за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Македонија и Промахoи во Грција. Спогодбата е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор. Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.
„Во иста насока е и усвоениот предлог- закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога на територијата на Република Северна Македонија и Лемос на територијата на Република Грција. Граничниот премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од овој пограничен регион.“, се наведува во соопштението на Владата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот