Рецепти
Ем кремаста, ем лесна: Рецепт за вкусна торта со јагоди
Сеуште не можете да им одолеете на јагодите? Тогаш пробајте го овој рецепт за едноставна торта со вкусен крем во кој преовладуваат токму црвените јагоди.
Бисквит состав:
– 4 јајца
– 4 супени лажици шеќер
– 4 супени лажици брашно
– малку сол
Кремен состав:
– 500 грама јагоди
– 80 грама шеќер во прав
– 500 мл слатка павлака
– 1 мал желатин (10 грама)
Подготовка:
Одделете ги белката и жолчката од јајцата. Измешајте ги жолчките и шеќерот во чинија. Во втор сад, изматете ги белките со малку сол. Додадете го шлагот од белките во мешавината од жолчки и шеќер.
Кружениот калап за торта премачкајте го со путер и посипете малку лебни трошки. Истурете ја смесата во калапот и ставете ја да се пече на 180 степени околу 20 минути, се додека тортата на површината не добие златно-жолта боја. По печењето, оставете го бисквитот целосно да се излади.
Јагодите, шеќерот и слатката павлака изблендирајте ги или измешајте ги сите состојки со мешалка. Следете ги инструкциите на кесата за да го подготвите желатинот и пота додајте го во смесата. Истурете го кремот преку бисквитот и ставете го во фрижидер неколку часа за да се стврдне. Најдобро е да ја оставите тортата во фрижидер преку цела ноќ.
Пред сервирање, може дополнително да додадете јагоди и декорирате како што сакате.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот