Поврзи се со нас

Гостивар

Свечен собир и положување цвеќе во Гостивар во чест на Илинден

Објавено

на

Големиот национален празник Денот на републиката, 2-ри Август во Гостивар беше одбележан со пригоден собир и положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. На чествувањето присуствуваа претставници на боречката организација, политички партии и граѓани.

Празнувањето на Илинден, традиционално го организира општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар.

Професорката по историја Катица Аврамоска, преку реферат потсети на борбите и хероите од илинденската епопеја и прогласувањето на Крушевската република, прва на Балканот, потенцирајќи дека идеалите на Илинден духовно се вградија во свеста на новите генерации, кои го продолжија делото на Илинденците.

„На Илинден, на денот на епохалниот меѓник на национално-ослободителната борба на македонскиот народ од 1903 година, на денот од годишнината од Илинденското востание во манастирот Св.Прохор Пчински, се собраа делегатите на првиот македонски парламент на АСНОМ. Тие на првото заседание на АСНОМ 1944 година, пред сопствениот народ и пред целиот свет ја објавија државноста на македонскиот народ.“, нагласи Аврамоска.

Одбележувањето на 2-ри август, во Гостивар продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите борци за слобода.

Цвеќе положија делегаии на Сојузот на борци, општинската организација на СДСМ и на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена