Технологија
До 1 август ископани се 17.850.000 биткоини, остануваат уште 15% од вкупната залиха
Крипто светот е „потресен“ од веста дека до крајот на јули годинава, повеќе од 85 проценти од залихата на најголемата криптовалута Биткоин, се веќе ископани.
До крајот на јули ископани се 17.850.000 биткоини, што е 85% од максималните 21.000.000 биткоини што можат да се генерираат. Тоа е износот кој Сатоши Накамото го обезбеди во кодот на Биткоин како максимална понуда.
Со оглед на тоа дека во овој момент, во просек се рударат околу 1.800 биткоини дневно и сo останатите прецизно одредени параметри поставени и вкалкулирани од Сатоши Накамото, пресметката покажува дека оваа криптовалута ќе биде исцрпена некаде околу 2140 година, освен ако во меѓувреме бројот на рударски операции драстично не се зголеми. Се разбира, оваа вест дополнително ќе ги мотивира рударите да ги зголемат своите амбиции, а со тоа и претприемништво во областа на рударството, што се претпоставува дека копањето на биткоин ќе заврши доста порано пред споменатата година.
Фактот дека BTC е ограничен, генерално се смета за добра работа, тоа му дава на критповалутата анти-инфлациски својства. Со други зборови, лимитиранта бројка на биткоини му дава недостиг и вредност, спречувајќи девалвација од неограничено производство.
Замислете која би била вредноста на златото да го имаше во неограничени количини..
Ова наведува на фактот дека дури сега трката по биткоини ќе се вжештува. Нови биткоини настануваат кога доволен број на рударски кодови ќе потврдат блок трансакција, за што рударите добиваат награда во криптовалути за секој ископан блок.
Секогаш кога 210.000 блокови ќе се додадат во блокчеин, наградата за рударење се преполовува, статистички до сега тоа се случува на секои 4 години. Во моментов, со сегашните хаш параметри рударите се наградени со 12,5 биткоини за секој ископан блок, кои пропорционално се дели на сите рудари кои учествуваат во процесот, неважно дали учестуваат со еден, сто или петсто „мајнери“ секој си го добива својот дел за сработеното. Следното преполовување на наградите се очекува да се случи во мај следната година. После тоа, рударите ќе бидат наградени со 6,25 биткоини по блок. Што ќе ја намали наградата т.е добивката, но ќе го продолжи и заштити рударењето.
Биткоинот во 2019 имаше добар кам-бек, иако е некаде на половина од вредноста од 2017 година кога го достигна врвот од скоро 20.000 долари. Во декември 2018 вредноста на еден BTC падна на 3.000 долари, што беше најниско ниво во изминативе неколку години, за во 2019 тргне во нагорна линија и веќе еден месец се задржи на околу 11.000 долари. Во моментот на пишување на ова статија, вредноста на еден Биткоин е 11.774 долари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ