Македонија
Денес се слави празник во спомен на Св.Климент и Св.Пантелејмон
Денешниот датум, 9 август се празнува во спомен на Свети Климент Охридски, најпознатиот ученик на браќата Методиј и Кирил, како ден на неговото упокојување. Важи за голема фигура во христијанството и во просветителството. Го создал првиот словенски универзитет – Охридската книжевна школа. Имал голем број ученици коишто ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. Вршел чуда и за време на земниот живот, а се верува дека неговите мошти и во денешно време пројавуваат исцелителна сила. Св.Климент црквата го слави и на 8 декември.
Црквата денес го слави и светецот Пантелејмон, многу познат лекар и исцелител кој лечел од телесни и духовни болести. Лекарските вештини ги изучил во младоста, а подоцна пристапил и се поклонил на христијанството. Настрадал токму поради својата вера во Христа од безбожници кои му ја отсекле главата. Св.Пантелејмон чудотворел во текот на животот, а продолжил да исцелува и преку неговите свети мошти.
Именден денес слават: Панде, Панчо, Пантелеј, Панка…
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ