Гостивар
Во Галичник се одржува јубилејната 30-та Ликовна колонија
Традиционалната Галичка ликовна колонија, годинава одбележува 30 години постоење. Јубилејното издание на оваа значајна визуелна манифестацијата беше отворена на 15 август, а ќе трае до 22 август (четврток).
Во живописниот предел на Галичник, се инспирираат, творат и разменуваат креативна енергија единаесет уметници од земјава и странство: Даниел Дресел од Германија, Симоне Хујманс и Мари ван Воленхофен од Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ од Србија, Софија Грегоријаду од Грција, Улф Лундин од Шведска, Лин Куасаи од Англија, Хелидон Ѓерѓи од Албанија и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Македонија.
Во рамки на колонијата се организираат јавни презентации на кои уметниците се претставуваат пред локалната јавност, а утре (18 август) во 11 часот ќе се одржи креативна работилница наменета за најмладите.
Галичката ликовна колонија е основана од галичанецот Нове Франговски (1939-2017), еден од најзначајните претставници на средната генерација ликовни уметници во Македонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!