Вести
КК Гостивар ги најави сезонските влезници за сезоната 2019/2020 – Резервирајте Online!
Одличната минатогодишна сезона, е само мотив повеќе за гостиварскиот клуб, кој покрај сите проблеми со кои се соочува, нема намера да застане во намерата, да продолжи да ја радува гостиварската публика.
Подготовките на кошаркарите се започнати од поодамна, полека се комплетира ростерот на „бело-сините“, новата сезона 2019/2020, треба да започне некаде во првиот дел од октомври, со што треба да започне и „лудилото“ во Младост.
Од Кошаркарскиот клуб Гостивар, по пример на големите светски клубови ги најавија сезонските влезници за претсојната сезона 2019/2020, овојпат ќе може да се „букираат“ по електронски пат. Секој навивач, симпатизер, љубител на кошарката ќе може да ја резервира својата сезонска влезница преку интернет. Со пополнување на формуларот подолу.
Влезниците се продаваат по цена од 1.500 денари. Како наведуваат од КК Гостивар со купување на годишна влезница, секој може да придонесе за посилен КК Гостивар.
„Секојдневно среќаваме наши навивачи кои се нудат, прашуваат како може да придонесат и помогнат на КК Гостивар, оваа опција со сезонски влезници е по пример на многу успешни клубови. Секој кој ќе купи сезонска влезница, директно помага за посилен КК Гостивар, а воедно добива билет за сите спектакли кои не очекуваат сезонава во Младост. Веруваме, дека одзивот ќе биде голем“, велат од КК Гостивар.
Начинот на резервација е едноставен, детално објаснет во следната објава:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот