Гостивар
Во Гостивар со свечен собир одбележан Денот на независноста
Во Гостивар традиционално во чест на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември се одржа свечен собир пред споменикот на паднатите борци од НОВ во градскиот парк. На одбележувањето присуствуваа граѓани, претставници од политички партии и здруженија, а прославата ја организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар.
Пред присутните, за важноста на историската одлука донесена на 8-ми септември 1991 година, зборуваше претседателот на боречката организација, Радислав Гиноски.
Во својот реферат, тој нагласи дека мирот, заедништвото и толеранцијата треба да бидат императив на сите граѓани и политички чинители.
„Без разлика на тоа кои сме и што сме, какви сме и како се викаме и како зборуваме, високо да го издигнеме слободарското знаме, знамето на мирот и толеранцијата. Без резерви да чекориме во иднината, во интерес на сите нас, а посебно на новите генерации. Имаме потенцијали, имаме високо развиена свест, потребно е само сите сили да се впрегнат заеднички и Република Македонија да ја внесеме во Европската Унија и северноатланската Алијанса“, рече Гиноски.
Прославата продолжи со положување на цвеќе на споменикот. Букети положија делегации на Сојузот на борци, општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Осми септември како државен празник е неработен ден за сите граѓани. Годинава со оглед дека датумот паѓа во недела, неработен е понеделникот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ