Поврзи се со нас

Култура

Музичка вечер во Гостивар посветена на ретро звукот

Објавено

на

Под наслов Vintage night, вчеравечер во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар се одржа музички настан во духот на ретро мелодиите од  `40, `50 и `60-тите години на минатиот век. Публиката имаше можност да чуе изведби на познатите евергрини од француската пејачката икона Едит Пјаф, американската ѕвезда Дорис Деј, легендарниот Френк Синатра и други во интерпретација на 19-годишната Емилија Данилоска.

Младата гостиварка воедно беше и иницијатор и организатор на настанот.

„Отсекогаш сум била приврзана со музиката, а ретро музиката посебно ме воодушевува, па така се роди идејата за организирање на еден настан од ваков вид. Сметам дека таа ретро музика, тој стил на облекување и сите други обележја на тој временски период се многу важни за уметноста, а уметноста е мојот приоритет“, рече Данилоска.

Во програмата беше вметнат и литературен перформанс во кој дел учествуваа: Афродита Џафери, Емилија Србиноска, Симеона Стефаноска и Емел Џеладини.

Освен Данилоска, со по една музичка изведба на настанот се претставија и гостиварките Радмила Лекоска и Нина Билбилоска.

Vintage night се реализираше со поддршка на Министерството за култура.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 8 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена