Гостивар
154 проекти кои ќе добијат пари од Министерство за „Нов културен бран“
Министерството за култура на својата веб-страницата ги објави резултатите од конкурсот за манифестацијата „Нов културен бран“. На конкурсот пристигнале 456 пријави, а одобрени се 154 проекти: самостојни и групни изложби, солистички, камерни, симфониски и фолклорни концерти, рок- и џез-концерти, театарски претстави, филмски проекции и други активности.
Пристигнатите пријави ги разгледувала комисијата во состав: Исмет Рамадани, претседател и Самет Џенап и Ирена Стериовска, членови.
„Во согласност со конкурсот, предност имаа мали мобилни проекти кои како активност се планирани во помалку развиени региони според развојниот и економско-социјалниот индекс, чија реализација е со соработка меѓу здруженија и поединци од невладиниот сектор, а во нив се вклучени уметници од домашната сцена. Министерството за култура се потруди да обезбеди „култура до сите и за сите“, и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони.“, соопшти Министерството за култура.
Проектите треба да се реализираат до 15 ноември. Целосната табела со резултати може да ја најдете на веб страницата на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар