Поврзи се со нас

Гостивар

Прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ – Гостивар за вчерашниот инцидент

Објавено

на

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ преку прес конференција реагираше за инцидентот, регистриран вчера околу 15 часот на ул.„Илинденска“во Гостивар.

„Вчера Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта. Имено, пратеникот во Собранието на Р.Македонија од нашиот град, ја покажа својата бруталност врз наш граѓанин, само заради тоа што не го тргнал возилото. Сведоците со чудење раскажуваат, за едно неверојатно однесување на претставник од народот, чии гласови му ја довериле високата позиција на која се наоѓа. И уште повеќе, таа бруталност да ја покаже во присуство на малолетно лице, ќерка на жртвата, на која покрај физичка, му е причинета и материјална штета на автомобилот. Се прашуваме кој ни ј аводи државата? Кој не претставува во највисокиот дом и на кого му се дава имунитет? Зарем граѓаните треба да се плашат кога ќе видат пратеник или било кој претставник од власта, кои наместо да им помагаат и да им ги решаваат проблемите, да се повикуваат на сопствениот имунитет и да изигруваат локални шерифи? Апсолутната власт, апсолутно расипува. Истото се слушуваше со Курто Дудуш, со синот на Хари Локвенец и уште многу примери. Упатуваме апел до институциите кои се одговорни, да преземат соодветни мерки и што е можно поскоро да се разреши настанот, бидејќи револтот меѓу гостиварчани е голем.“, беше речено на прес конференцијата во партискиот штаб.

Настанот е евидентиран во полицискиот билтен, каде стои:  „Вчера (24 септември ) во СВР Тетово, М.С. (33) од Гостивар пријавил дека околу 15 часот на ул„Илинденска“ во Гостивар, по претходна вербална расправија околу погрешно паркирање, физички бил нападнат од Б.Т.(54) од Гостивар. Според пријавеното, Б.Т. му го оштетил и предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓало неговото малолетно дете. Исто така, според пријавеното, во нападот се  вклучило уште едно лице од угостителски објект во непосредна близина. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 39 минути

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 12 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 14 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 17 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 18 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 21 час

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 22 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 23 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 1 ден

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена