Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар ја прекина победничката серија на шампионот (80:78)

Објавено

на

Вчера во Младост, се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на КК Гостивар и МЗТ Скопје, кошаркарите на Гостивар му го нанесоа првиот пораз на МЗТ Скопје (80-78) во новата сезона, во која претходно имаа шест победи по ред.

Екипите го оправдаа епитетот дерби натпревар, од самиот почеток се водеше битка за секој поен. Првата четвртина ја доби МЗТ со резултат (18-20), додека на полувреме се замина со водство на домаќините (41-39).

Во третата четвртина гостиварци покажаа „заби“, бодрени од публиката се уверија дека шампионот е ранлив поведувајќи со +9 поени (50-41), разлика која гостите брзо ја анулираа и во последните минути од натпреварот се влезе во целосна неизвесност. Резултатот се менуваше во полза и на двете екипи, КК Гостивар можеби можеше и нешто порано да ја завери победата, но Џелетовиќ и Доналдсон не ги искористија пеналите, со што ја одложија ерупцијата во Младост за неколку секунди подоцна со звукот на сирената.

Ѓорѓе Џелетовиќ го потврдува својот квалитет од натпревар во натпревар, тој беше најрасположен кај домашната екипа постигнувајќи 21 поен и 9 скока, на Диме Тасоски годините не му можат ништо, запиша 17 и 4 скока, американецот Доналдсон постигна 12 поени, 7 асистеници и 4 скока, Димчевски погоди 3 тројки од 4 шутеви 9 поени, Костоски 8, Ре.Димитриевски 6, Милан Димитриески постигна 5 поени.

На спротивната страна Омот беше прв стрелец со 19 поени, а капитенот Д. Стојановски запиша 18 поени.

Атмосферата беше жешка, но спортска во салата Младост во Гостивар на вчерашниот натпревар, гостиварската публика по којзнае кој пат покажа дека живее за натпреварите на КК Гостивар и е ветар во грб на играчите на теренот. Групата пак од 30-тина гостински навивачи на МЗТ Скопје, само допринесе овој натпревар да се забележи во низата спектакли кои ќе се паметат.

Оваа победа на кошаркарите на Гостивар со сигурност ќе влијае на нивната самодоверба во натамошниот дел од првенстовто, иако првите сигнали дека екипата знае да игра кошарака беа на натпреварот со Работнички во Скопје. Во следното коло „бело-сините“ гостуваат на екипата на Вардар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 8 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 12 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 13 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена