Вести
10 медали за гостиварските каратисти од 11-тото Европско шотокан првенство
Викендов во Скопје се одржа Европско шотокан карате првенство во организација на Светската Шотокан Федерација (WSF) и Шотокан Карате-до Академијата на Македонија, на кое учествуваа околу 1500 натпреварувачи од 20 држави.
Македонските каратисти забележаа голем успех, го освоија петтото место на Европско првенство со освоени 49 медали од кои 12 златни, 14 сребрени и 23 бронзени.
Македонската шотокан репрезентација настапи со 149 каратисти во чии состав настапија и каратистите на Шотокан карате клубот Полог -Гостивар. Гостиварскиот клуб учествуваше со 21 натпреварувач и во Гостивар донесоа 10 медали.
Со медали од Европското првенство се закитија:
Прво место Европски шампиони, Ката тим машки јуниори (Драган Данилоски, Андреј Анастасов и Матео Причков).
Второ место Ката тим женски кадети (Славица Андриевска, Мелани Столеска и Викторија Угриноска).
Ката тим женски помлади кадети (Драгана Андриевска, Мелани Столеска и Славица Анериевска).
Второ место Ката тим женски јуниорки (Драгана Андриевска, Снеже Данилоска и Марија Симјаноска ).
Јана Андриевска, второ место во кати надежи, Славица Андриевска второ мсто кати пионери, Драгана Андриевска второ место кати помлади кадети, Драган Данилоски трето место кати јуниори, Марија Симјаноска второ место кати јуниори и Марија Симјаноска второ место кумите јуниори.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот