Поврзи се со нас

Вести

Германија: За употреба на пластични кеси казна до 100 илјади евра

Објавено

на

Германската влада донесе закон со кој се забранува користење на пластични кеси во малопродажба и се предвидени драконски казни за непочитување на ова правило.

„Пластичните кеси се симбол за избезуменото трошење на ресурсите. За нивното производство се користи нафта, а само неколку минути се во употреба. И најчесто тие завршуваат во природа, каде се потребни години да се распаднат “, рече германскиот министер за екологија Свена Шулце при презентирање на законот.

Таа објасни дека употребата на пластични кеси од 2016 година, кога владата и трговците на мало постигнале договор за намалување на нивната употребата, драстично се намалилa од 70 кеси по глава на жител во 2015 година, на 20 во 2018 година.

„Забраната треба да ја намали употребата на кеси на нула“, објасни Шулце.

Забраната не се однесува на кеси со дебелина помала од 15 микрометри, тоа се оние кеси што се користат во малопродажба за пакување овошје и зеленчук.

Министерката објасни дека забраната не важи за овие кеси бидејќи дополнителното индустриско пакување на овошје и зеленчук ќе предизвика уште повеќе пластичен отпад. Кесите за отпадоци исто така се ослободени од забраната.

Предвидената казна за непочитување на овој закон е до 100.000 евра.

Одлуката на владата треба да ја потврди и германскиот Бундестаг.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена