Поврзи се со нас

Вести

Појава на глисти кај ученици во Гостивар

Објавено

на

Родителите испаничени, лекарите смируваат. Накратко вака може да се опише состојбата која владее изминатите неколку дена, откако беше утврдена појава на цревни паразити кај неколку ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Епидемиолозите апелираат да не се шири паника, затоа што не станува збор за некоја голема  бројка на деца, ниту пак за епидемија.

Управата на училиштето како превентива дала препорака на родителите на децата од нижите одделенија, кои ги има околу 600, да извршат испитување. Во микробиолошкото одделение до сега биле испитани над 200 примероци и ниту еден не бил позитивен на детски глисти. Во приватна лабараторија се покажало присуство на паразити кај 20-тина деца.

„Тоа не е бројка што треба да не загрижува. Детските глисти кај децата се честа појава, особено на возраст од 2 до 10 години“, вели Примариус д-р Војислав Огњаноски.

            Од училиштето велат дека ги презеле потребните превентивни мерки за да се спречи ширење на оваа цревна зараза. „Освен тие неколку случаи, нема индиции за поголемо проширување. Од страна на училиштето се преземени сите мерки како едукација на наставниот кадар и на учениците, препораки за родителите, дезинфекција и слично“, рече директорот Сашо Шарески.

Лекарите советуваат дека во превентивата најважно е подигнување на нивото на лична хигиена. Пред се` миење на раце-кое мора да биде темелно и доволно долго (15 до 20 секунди најмалку) со вода и сапун или во недостиг на вода и сапун со влажни марамчиња. Задолжително миење на раце по користење на тоалет и по контакт со животни како и темелно миење на овошјето и зеленчукот.

Заразувањето на децата се врши преку нечисти (контаминирани) раце, преку контакт со животни пред се домашни миленичиња, загадена храна (овошје и зеленчук), загадена околина (песок, земја, трева), преку загадени предмети (играчки, клупи и сл.).

Епидемиолозите објаснуваат дека во најголем број од случаите детските глисти  не предизвикуваат здравствени проблеми. Во одредени случаи може да се јават  непријатни тегоби,интензивно чешање, болки и грчеви во стомакот и губење на апетит. Нивната препорака е децата кај кои лабараториски е потврдено присуство на паразити и примаат терапија да бидат изолирани, односно да не посетуваат училиште или градинка.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 8 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 10 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 13 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 15 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 18 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 19 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 21 час

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 21 час

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена