Рецепти
Неделен рецепт: Пита со праз и сирење
Нема ништо поубаво од тоа домот да замириса на тазе печена пита, а неделниот ден е навистина како создаден за такво нешто. Да направите пита, не мора да значи дека ви треба многу време или дека ќе се изнамачите во кујната. Во продолжение ви пренесуваме старински рецепт за пита со праз и сирење, што се подготвува лесно и едноставно, а резултатот е превкусен.
состојки:
3 јајца
250 мл. кисело млеко или кисела вода
100 мл. масло
300 гр. брашно брашно
1 прашок за печиво
малку сода бикарбона
2 страка праз
сирење
сол по вкус
подготовка: Две јајца и една белка се матат убаво, па се додава кисела вода и масло. Се меша, а потоа се додава брашното на кое му биле додадени прашокот за печиво и содата. Повторно се меша и се додава сирењето и сецканиот праз. Целата смеса се става во подмачкан плех бр. 28. Се премачкува со останатата жолчка и по желба може да се нароси со ленено семе и сусам. Се пече околу 25 минути на 200 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок