Гостивар
Светски ден на детето и 30 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на децата
Денешниот датум на глобално ниво е посветен на децата и детските права. Ширум светот, 20 ноември се одбележува како Светски ден на детето, со цел да го сврти вниманието на широката јавност за обврските кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми на најмалите.
На 20 ноември 1989 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Документот определува дека секое дете има право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, слободно искажување на своето мислење, право на добро воспитување. Родителите не смеат да употребат сила, малтретирањето и злоупотребата се забранети. Децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба, а оние со посебни потреби имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.
Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува под мотото: „Децата на денешницата, нашите чувари на иднината“
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ