Поврзи се со нас

Македонија

Расте бројот на инфицирани со бактерии коишто се отпорни на антибиотици

Објавено

на

По повод Светската недела за рационална употреба на антибиотици, лекарите предупредуваат на зголемен број на заболени од инфекции предизвикани од бактерии отпорни на антибиотици.
„Oтпорноста на бактериите кон антибиотиците е растечка закана за глобалното здравје. Секоја година 700 илјади лица во светот умираат од инфекции предизвикани од бактерии отпорни на антибиотици. Само во Европа околу 33 илјади лица умираат од оваа инфекција, а проблемот не ја надминува ниту нашата држава. Тоа значи дека не сме во зелената фаза, туку влеговме во портокаловата фаза на картата на Европа, како држава во која се зголемува бројот на заболени од инфекција“, изјави Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2018 година е евидентирана повисока од 50 % комбинирана резистенција на некои бактерии кон повеќе видови антибиотици.

Владата минатиот месец ја усвои втората Национална стратегија со акциски план за контрола на антимикробната резистенција 2019-2023. Стратешките цели опфаќаат зајакнување на следењето на резистенцијата на микроорганизмите кон антимикробните средства во хуманата и ветеринарната медицина, континуирано следење на потрошувачката на антимикробни лекови во хуманата и ветеринарната медицина, спречување и намалување на појава и контрола на ширењето на инфекции, подигнување на свесноста и разбирањето на антимикробната резистенција кај сите лица кои ги пропишуваат, издаваат и примаат антибиотиците, како и соработка со релевантни меѓународни институции од областа.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 14 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 16 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 16 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена