Поврзи се со нас

Гостивар

Внимавајте! Полицијата засилено ги контролира пешаците во Гостивар

Објавено

на

Од петокот (6 декември) започнаа засилени полициски контролни активности насочени кон пешаците и нивното однесување во сообраќајот на гостиварското и на тетовското подрачје. Како што информира МВР, Притоа, досега биле откриени вкупно 34 прекршоци, од кои 25 во Тетово и 9 во Гостивар. Пешаците коишто не ги почитувале правилата и прописите биле соодветно санкционирани.

Најголемиот дел од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од пешачки премин, а имало непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаците што ги дава полициски службеник.

Искуствата и анализите покажуваат дека кај пешаците, недостасува чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостасува одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи, како и за сите други учесници во сообраќајот.

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите во родниот крај и зголемување на сообраќајната динамика, полицијата апелира на поголема внимателност на возачите и пешаците, со цел да се избегнат несреќи.  На возачите им се советува да ја намалат брзината пред пешачките премини, особено на пофреквентните улици, а до пешаците, пак, се упатува апел прописно да се движат и да не ги преминуваат улиците каде што ќе стигнат, туку само на обележани премини и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци и светлосна сигнализација.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена