Вести
Гужви низ улиците во Гостивар. Сообраќајците казниле 40-тина возачи
Сообраќајните гужви низ Гостивар се неизбежни во пресрет на новогодишните празници. Гостиварци не сакаат да одат пеш низ градот, туку имаат навика да се возат со автомобилите и на кратки релации. За гужвата низ улиците дополнително придонесоа печалбарите кои периодов се вратени во родниот крај.
За да се воспостави ред во сообраќајот, полицијата спроведува интензивни контролни активности. Во текот на вчерашниот ден, биле откриени 40-тина различни видови прекршоци: 5 нерегистрирани возила, 5 погрешно паркирани, кои биле подигнати од „пајак-службата“ како и други прекршоци. Сообраќајците изготвиле 21 прекршочен налог и 22 мандатни платни налози.
„Овие засилени контролни активности ќе се практикуваат и наредните денови, со оглед на тоа што значително е зголемена вкупната фреквенција на возила низ гостиварските патишта и улици“, нагласуваат од Секторот за внатрешни работи.
Во нивниот апел се вели ако немаат неопходна потреба граѓаните да не ги користат возилата со што, покрај другото, ќе придонесат и за намалување на аерозагаденоста. Кога пак, веќе ги користат, да ја прилагодат брзината според условите на патот, затоа што на повеќе места наутро и навечер има голомразици. Се советува, исто така, да ги паркираат возилата на места определени за таа намена и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар