Поврзи се со нас

Вести

НАЈЧИТАНИ ВО 2019-та: Убавица на дланка – 3Д виртуелна тура низ пештерата во Ѓоновица

Објавено

на

На опашката сме од оваа 2019-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од јануари, па се до денеска. Порталот Gostivarpress.mk во 2019 објави околу 4.500 вести, од кои 90% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 4.050.000 посети.

Време е на празнувања и почитувајќи го тој дух и за да придонесеме за поубава празнична атмосфера, ќе ги заобиколиме вестите од црната хроника. Денес и утре, целосно ќе ги реобјавиме најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…

Убавица на дланка – 3Д виртуелна тура низ пештерата во Ѓоновица

Објавенo на: Октoмври 9, 2019 @ 19:44

Дали некогаш сте посакале да ѕирнете во единствена природна убавина, да доживеете незаборавна прошетка низ мистериите на скриените богатства на гостиварскиот регион и да се соживеете со нивните длабочини, уникатност и тишина? Сега, на дланка ја имате пештерата Убавица во селото Ѓоновица!

Во рамки на проект за истражување на оваа локација од природното наследство на Гостивар, овозможена е 3Д виртуелна тура низ пештерата.

Проектот „Зајакнување на локалните капацитети за истражување и конзервација на пештерата Убавица во Ѓоновица“, кој започна во јуни 2018 година, го спроведува Спелеолошкото друштво Кораби од Гостивар. Во негови рамки беа реализирани истражувања, пронаоѓање на нови ендемични видови, податоци и анализи за биодиверзитетот во пештерата, анализа на квалитетот на пештерската вода и друго. Во активностите беа вклучени и врвни спелеолози од Италија, кои ги споделија своите искуства и знаења со гостиварските колеги.

Проектот, вреден околу 76 илјади долари се реализира во соработка со општината, преку УНДП и со финансиска поддршка на Европската Унија.

Кликнете на фотографијата за влез во пештерата Убавица:

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 18 минути

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 5 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 5 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 6 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 6 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 7 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена