Вести
Весела математика – Што и е потребно на репрезентацијата на Македонија за влез во топ 12
Ракометарите на селекцијата на Македонија денеска од 18 часот и 15 минути го играат одлучувачкиот натпревар на 14-тото Европско првенство во ракомет.
Во последниот натпревар од првиот круг избраниците на Данило Брестовац ќе се сретнат со селекцијата на домаќинот Австрија. После поразот на македонските ракометари од репрезентацијата на Чешка пред два дена, пласманот во вториот круг помеѓу најдобрите 12 селекции на стариот континент најмногу зависи од математиката.
Па така, Кире Лазаров и останатите репрезентативци за да се најдат во топ 12 денеска мора да ја совладаат Австрија со најмалку 2 гола разлика, без разлика на тоа колку вкупно голови ќе постигнат. Ракометарите одат понатака и со победа од еден гол, но во оваа комбинаторика мора да постигнат најмалку 31 гол или повеќе. И нерешен резултат не носи во вториот круг, но само ако вечерва Украина ја совлада репрезентацијата на Чешка. А доколку пак ја совладаме Австрија со 31-30, а Чешка ја победи Украина со резултат 26-25 патниците во топ 12 ќе се бираат на маса, со ждрепка.
Пораз во денешниот дуел ќе значи крај на учеството на ова Европско првенство.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар