Македонија
На Германија и` требаат квалификувани работници – од напролет полесно до виза
Германија важи за една од најчестите европски земји, кадешто граѓаните на Македонија заминуваат на работа. Годишно околу 10 илјади граѓани добиваат визи за оваа земја. Најавените законски измени за олеснување на добивање работна виза, што се очекуваат напролет, уште повеќе го зголемуваат интересот да се побара среќата на германско тло. Проценките се дека актуелно во Германија има над еден милион слободни работни места за различен кадар, а недостига квалификувана работна сила.
Со истиот проблем се соочува и домашниот бизнис. Како да се најдат квалификувани работници во услови кога најголем дел од младите предност му даваат на факултетското образование, а ретко кој изучува занает и вештини. „Иако се работи за две земји различни по големина и економски перформанси и двете се соочуваат со заеднички предизвици, меѓу кои е и посочениот проблем со обезбедување квалификувана работна сила и заедничките напори за подигнување на јавната свест кај родителите и учениците за можностите за соодветна пристојна заработувачка не само со диплома за завршено високо образование, туку и со поседување на определени вештини кои се работат „со раце“., изјави Ото Граф, заменик-амбасадор во Амбасадата на Сојузна Република Германија на прес-конференција во Стопанската комора на тема: „ Kако максимално да се искористат капацитетите за соработка со Сојузна Република Германија, како наш најголем партнер во меѓународната трговија?“.
Елена Милевска Штрбевска, главен советник на Управниот одбор на Комората за правни прашања, истакна дека Германија е стратешки економски партнер, што се докажува со фактот дека во земјава успешно функционираат околу 200 компании со германски капитал, коишто вработуваат близу 20 илјади лица, сo трговска размена што изнесува над 4 милијарди долари.
„Во насока на пораст на инвестициите, како и на производството и извозот, е и иницијативата за спречување на масовната миграција на младото работоспособно население од земјава и решавање на проблемот со недостиг на квалификуван стручен кадар во согласност со потребите на бизнисот, која беше покрената од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, токму на иницијатива на повеќе компании со германски капитал кои работат во земјава.“, рече Милевска Штрбевска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!