Гостивар
Катастарот во Гостивар теренски ќе прибира податоци за улици и куќни броеви
На подрачјето на Гостивар од 10-ти февруари ќе започне теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви. Активностите ги спроведува Агенцијата за катастар на недвижности, заради воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви, кој ќе содржи просторни и описни податоци.
„Просторните податоци Агенцијата ги прибира од терен, за што ангажираше фирма која ќе ги собира информациите. Упатуваме апел до жителите да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.“, стои во соопштението на Агенцијата за катастар.
Од таму објснуваат дека придобивки од регистарот ќе имаат сите државни институции, како и правните и физички лица, затоа што со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.
Теренското прибирање на податоци во Гостивар ќе трае до 2 април.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ