Поврзи се со нас

Гостивар

Депресијата и нервозите стануваат се` почести меѓу младите во Гостивар

Објавено

на

Младата популација се` почесто доживува удари врз здравјето и станува жртва на болестите на модерното време. Депресија, несоници, анксиозност се дел од дијагнозите коишто гостиварските лекари ги среќаваат кај пациенти и во порана возраст.

Како еден од најзначајните ризик фактори за кревкото здравје на младите го наведуваат стресот предизвикан од секојдневните проблеми и предизвици. Од службата за Брза помош во Гостивар, велат дека за таквите пациенти кога доживуваат криза, медицински тим на повик реагира со лекови за смирување. За долготрајно лекување, неопходна е помош од психијатри и психолози.

„За жал, како лекари се` повеќе гледаме млади кои имаат проблеми со депресии, анксиозност и слично. Тоа е веројатно поради кризата, некои семејни проблеми, невработеноста. Стресот е навистина голем фактор за здравјето. Ете, на пример ни доаѓаат и млади пациенти со покачен крвен притисок, што исто така може да се препише на стресот“, рече д-р Фларуше Османи, раководител на Брза помош во Гостивар.

Лекарите нагласуваат дека доколку една млада личност непрекинато е под голем притисок кој предизвикува анксиозност и исцрпеност, последиците по здравјето може да бидат сериозни. Затоа, советуваат како прво младите да ги менуваат своите навики и да водат поздрав живот. Почнувајќи до умереност во исхраната, конзумирањето алкохол, поголема физичка активност, но и да си најдат доволно време за одмор и спиење.

Како корисна антистрес  мерка ги посочуваат занимавањето со некое хоби, поминување квалитетно време со семејството и пријателите, прошетките во природа и слично.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена