Гостивар
МојДДВ – Во јануари биле скенирани над 15 милиони фискални сметки
Според евиденицјата на Министерството за финансии, во јануари преку апликацијата МојДДВ биле скенирани над 15 милиони фискални сметки.
„Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати во првите месец и пол од реализацијата. Наплатениот ДДВ во јануари од скенираните сметки е за над 70% повисок во однос на просекот од претходните пет месеци, додека има и 50 илјади нови корисници на апликацијата во декември и јануари. Наплатата на ДДВ и бројот на скенирани сметки покажуваат дека наградната игра, како дополнување на успешната мерка МојДДВ, дава резултати. Имено граѓаните добија мотив да продолжат да скенираат сметки и откако ќе го надминат прагот за поврат на ДДВ, како и да ги земаат и скенираат и оние сметки кои имаат помала сума на ДДВ. Резултатите покажуваат дека тоа го постигнуваме. “, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
Бројот на корисници кои активно ја користат апликацијата на месечно ниво изнесува 237 милиони. Износот на наплатен ДДВ од скенираните сметки во јануари изнесува 730 милиони денари, што е за над 70% повеќе споредено со просекот во првите 5 месеци кога изнесува 428 милиони.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ