Гостивар
Државната изборна комисија вработува 29 лица, во Гостивар се бара помлад соработник за избори
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 29 службеници во Државната изборна комисија во различни сектори и одделенија во повеќе градови низ земјава. Во зависност од работната позиција, месечните плати се движат од 22.000 до 37 илјади денари.
Во Подрачното одделение Гостивар, Сектор за избирачки список, евиденција на избирачкото право, составување и ажурирање на избирачкиот список и описот на избирачките места, се отвора едно место за помлад соработник за избори. Кандидатот треба да ги исполнува општите услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Од посебни услови се бара: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Политички науки или Јавна управа и администрација, со или без работно искуство во струката
Платата изнесува 22.020 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2020 година предвидено е вработување на Турчин(ка).
Огласот е отворен до 20 февруари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница