Занимливости
Ова се трите најскапи гитари на светот
Најскапата гитара некогаш продадена (или купена) е “Black Strat” фендерот на Дејвид Гилмор. Гитарата на фронтменот на легендарниот бенд Pink Floyd е продадена на аукција во јуни 2019 година за неверојатни 3.975,000 долари. Токму овој црн Фендер Стратокастер од 1969-та година е “сведок“ на создавањето на најголемите остварувања на Pink Floyd како The Dark Side of the Moon, Wish You Were Here, Animals и The Wall. Парите од продажбата се разбира, искористени се во добротворни цели.
Инаку тронот му го зазеде на белиот Fender “Reach Out To Asia” Stratocaster. Имено, при настанот наречен “Reach Out To Asia” хуманитарен проект, наменет за собирање средства за настраданите од големото цунами кое ја погоди Азија во 2004-та година, познатата поп рок ѕвезда Брајан Адамс, сакајќи да помогне да се подигне сумата, гитарата Fender Stratocaster, по негова иницијатива е потпишана од најверојатно, најголемите рок свезди во светот и продадена на аукција за 2.7 милиони долари. На неа се наоѓаат автограми од 19 музичари меѓу кои: Ерик Клептон, Џими Пејџ, самиот Дејвид Гилмор, Мик Џегер и многу други.
Трета најскапа гитара во светот е Fender Strat na Џими Хендрикс од 1968 година, со која познатиот гитарист и музичар свиреше на легендарниот “Woodstock“. Продадена е за точно 2 милиони долари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот