Поврзи се со нас

Вести

Кај Стража заловена втора женка рис, се вика Нарциса

Објавено

на

Тимот којшто работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво(МЕД)со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.

Од МЕД информираат дека се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2–3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се презеле стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката, по што рисицата е пуштена на слобода.

„Ова е втора рисица (по Маја, што ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следењеGPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4–5 дена“, изјави Диме Меловски, од Македонско еколошко друштво.

Името на рисицата Нарциса и` го дале ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од селото Зајас.

Од 2010 година МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со што се стекнуваат значајни податоци за однесувањето и заштитата на овие животни.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена